Амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак Томиќ синоќа по повод големиот празник Видовден, го посети културно уметничкото друштво Српски вез, при што донираше книги на српски јазик, кои ќе ја збогатат нивната библиотека.
Loading...
Амбасадорката истакна дека е среќна што Српски вез со години работи на зачувување на јазикот, фолклорот, културата и традицијата.
– Многу сум среќна бидејќи обезбедивме книги за почетници, за прво одделение, да им се олесни учењето на јазикот, а во сите три училишта каде се одвива наставата на српски јазик набавивме лектири, не успеавме сите да ги поделиме, но мислам дека и тоа ќе биде значајно за децата да им се олесни, иако доста импресивно делуваат, добро учат и подоготвени се но им треба помош. Навистина е импресивно што овие луѓе благодарение на Далибор прават овде и колку ја збогатија содржината на активностите од фолклорот, слушам дека ќе има и драмска и музика секција па оваа библиотека нека биде симболичен почеток за уште поголеми собири на младите да ги користат книгите за вежбање, зачувување на српскиот јазик, тоа не е наменето само за децата кои по потекло се Срби туку и за сите останати. Ова е мултиетничка средина и навистина треба да се гради заедништвото и меѓусебното разбирање а познавањето на јазици ве прави уште побогати.
Амбасадорката потенцираше дека со заедничка помош со општина Куманово, оваа библиотека може да прерасне во уште поубаво младинско катче. Таа се надева дека наскоро српскиот јазик ќе се воведе и како изборен предмет во училиштата во Куманово.
Loading...
Од Српски вез истакнаа дека многу им значи оваа донација. Претседателот на друштвото, Далибор Китановиќ нагласи дека библиотеката може да ја користат сите љубители на убавиот збор, не само Србите.
– Донацијата на овие книги ќе ни биде многу значајна се надевам дека ќе ги поттикне и другите организации и институции, поединци да ни донираат книги, да видат дека работиме и дека овој простор е исполнет со деца, нема овде политика, делби, отворени сме за сите, функционираме како големо семејство, имаме повеќе од 120 членови, имаме фолклорна секција која ни е најбројна, имаме свој оркестар, библиотека, пејачка секција тоа е план и програма да правиме патувачки театар. Овие простории овде да бидат вистинска културна инситуција на младите Срби но и од други националности.
Китановиќ истакна дека не е тешко да се работи со деца, но за да се постигне успех, треба да се вложи многу труд.