СРЕЌЕН ПРАЗНИК ГРАДУ МОЈ: 76 години слободно Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово денеска одбележува 76 години од ослободувањето од антифашистичкото ропство, а воедно го слави и 501 година од формирањето.

Loading...

За разлика од минатите години локалната самоуправа годинава организира скромно чествување на празникот, поради пандемијата на Ковид-19.

Во 11 часот на Спомен Костурница во групи од по три лица ќе се положи свежо цвеќе, а веќе во 12 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи и свечената седница на која ќе присуствуваат само градоначалникот, советниците на Советот на Општина Куманово и добитниците на овогодинешната Ноемвриска награда.

Првично било планирано само со огномет на градскиот плоштад да се означи празникот, но Општина Куманово се откажа од ваквата идеја и средствата ќе ги пренамени за набавка на таблети за ученици од ранливи категории.

Никола Ивановски

Leave a Reply