Средното стручно училиште „Перо Наков“ од Куманово, доби 30 Смарт табли и други нагледни средства за следење на наставата, соопштија денеска, надлежните од ова училиште. Таблите веќе се распределени по кабинетите и училниците.
-Со набавката на 30 Смарт табли и нагледни средства по предметите-хемија, физика, географија, историја, математика и музичко образование во СОУ „Перо Наков“ во Куманово, сметам дека значително ќе се подобрат условите и значајно ќе се подигне квалитетот на наставата во училиштето. На овој начин ги следиме современите методи во образовниот процес, изјави директорката на училиштето, Мила Жибак.
Покрај „Перо Наков“, паметни табли добија и уште две училишта стручното „Наце Буѓони“ и гимназијата „Гоце Делчев“ во заедничка јавна набавка која ја објави општина Куманово, при што вкупно беа набавени 90 интерактивни табли и нагледни средства.
Договорот е склучен со економски оператор од Скопје кој е избран како најповолен понудувач за сума во вредност од над осум милиони денари. Претходно, во Куманово 18 Смарт табли и 26 компјутери доби гимназијата „Сами Фрашери“.