Средношколка го „хулела“ Мухамед во писмена задача, ѝ се заканува смртна казна

Сподели со своите пријатели

Властите во Мавританија обвинија и уапсија средношколка за богохулење на писмен испит, бидејќи било проценето дека не го почитувала пророкот Мухамед.

Loading...

Доколку биде прогласена за виновна, би можела да биде осудена на смрт, без можност за жалба, објави Би-Би-Си.

Мавританија воведе построги закони за богохулење во последниве години, отстранувајќи им ја можноста на престапниците да ја избегнат смртната казна доколку покажат каење, но нема егзекуции за злосторството повеќе од 30 години.

Ученичката била уапсена на 18 јули во градот Атар во северозападниот дел на земјата под обвинение за „непочитување и исмевање на пророкот“, како и користење на социјалните мрежи „за поткопување на светите вредности на исламот“, соопшти јавното обвинителство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина планира да ги елиминира тешките форми на загадување на воздухот до крајот на 2025 година

Конкретните детали за тоа што таа наводно го напишала не се објавени, а семејството на ученичката побарало прошка за неа, велејќи дека има проблеми со менталното здравје.

Официјалното соопштение за апсењето дојде откако верските власти во земјата пресудија дека луѓето кои се прогласени за виновни за навреда на пророкот Мухамед мора да се соочат со смртна казна.

Мавританскиот совет на исламски научници го издаде указот минатата недела, откако претседателот на земјата, Мохамед Улд Газуани, побара од свештениците да ја разјаснат својата позиција за богохулењето.

Освен смртна казна, осудените за полесни кривични дела богохулење може да се соочат со казна затвор до две години и парична казна.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Овој човек го има сменето концептот на новинарството. Неговата компанија живее и денес!