Средношколците од Куманово денеска го кренаа својот глас против екстерното тестирање и во оваа полугодие најавија нова дека битката нема да престане. Сплотени под една парола „Стоп за лошите реформи“ докажаа дека се зрели да станат новиот столб на општеството, не познавајќи национална и верска разлика.
[huge_it_gallery id=”307″]
Незадоволни се од моделот на кој функционира екстерното тестирање и бараат истиот да се укине, биејќи е на штета на образованието, учениците и наставниците.
На денешниот собир најмногу ќе се говори за изминатиот циклус екстерно тестирање за матуирантите, но и за Средношколскиот пленум како пример за заедништво помеѓу учениците и како тоа желбата за подобро образование ги сплоти учениците по многугодишните поделби на различни основи – истакна Никола Крстевски од Средношколскиот пленум Куманово.
Тој додава дека се додека не биде слушнат гласот на средношколците ќе продолжат активностите за подобро образование, додека останатите додаваат дека екстерното енгативно влијае не само на просекот на учениците, туку и со казните на професорите.
Екстерното треба да се укине затоа што тоа носи лошо и за учениците и за професорите. немаме време да се подготвиме и прашањата не се многу логични. Исто така тоа е многу лошо за професорите, бидејќи им кратат од платите – изјави Јован Минковски, ученик во ОСТУ „Наце Буѓони“.
На собирот говореше и активистката Ангела Богоевска им честиташе на истрајноста во борбата која како што вели е светол пример за следните генерации.
Инаку на собирот учествуваа ученици од сите средни училишта од градот, како од македонските, така и од албанските училишта.