Средношколците од „Перо Наков“ премиерно ја изведоа претставата „ДР“ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Учениците од драмската група при СОУ „Перо Наков“ вчеравечер во кумановскиот театар премиерно ја изведоа претставата „ДР“ по текстот на Бранислав Нушиќ.

 

Loading...

 

Комедијата која ги содржи вонвременските атрибути на комичност и дејство ги насмеа сите присутни во салата, која беше исполнета до последното место.

Во претставата се работи за доктор кој е пратен да студира во странство, тоа е всушност друг лик, но ќе се разјасни на крај. Се надеваме на две успешни претстави во почетокот, па за третата ќе видиме, јас го играм ликот на вујко Благоја – изјави Димитар Петрушевски, ученик во СОУ „Перо Наков“.

Во претставата учествувавме 14 ученици со помош на двајца ментори, професорката Александра Ѓорѓиевска и професорот Сашо Тодоровски. Претставата ја спремавме три месеци, се надеваме дека ќе биде успешна. Голема благодарност до Фото кино клуб „Козјак“ и Кети Дончевска Илиќ – изјави Милена Стојановска, ученичка во СОУ „Перо Наков“.

Јас ја играв улогата Милорад Цвијовиќ, успешно се подготвувавме три месеци и ги повикувам сите и вечерва да ја проследат репризата од претставата – изјави Мартин Павловски, ученик во СОУ „Перо Наков“.

Во претставата играат и:  Николај Павловски, Стефан Павличек, Викторија Ивановска, Катерина Стојмановска,  Кристина Петрушевска, Гоце Хаџиски, Теодора Стојковска, Јована Димитриевска, Сара Спасовска Ивона Лазаревска и Игор Стојчиќ .

 

 

Сите љубители на добриот хумор кои ја пропуштија премиерата можат да ја проследат вечерашната реприза со почеток во 20 часот во Театар Куманово.

Loading...