Средба на министерот Спасовски со претставници на Групацијата за оружје при Стопанската комора

Сподели со своите пријатели

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Групацијата за оружје, екплозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена, Димитар Мангутов.  Претставниците на Групацијата побараа да се разгледа можноста за предлог на нов Закон за оружје и Закон за експлозивни средства и пиротехника, во кој би биле  вклучени, како и нов софтвер за набавка и продажба на оружје и муниција.

Министерот Спасовски изрази добра волја и најави формирање на работна група во која ќе бидат вклучени преставници на Групацијата и од Ловечката федерација во изготвувањето на новиот Закон за оружје, како и  Законот  за екплозивни средства и пиротехника.

Интегрално соопштение: МВР

Leave a Reply