Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп

Сподели со своите пријатели

Во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп.

Loading...

На средбата, соопштија од МВР, била потенцирана соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот и активностите за дерадикализација на борци повратници од странските боишта.

-Посебен акцент беше ставен на важноста од продлабочување на соработката на полето на борбата против компјутерскиот криминал, во кое Кралството Холандија е лидер во светот и претставува репер за успешна борба против овој вид на криминал, кој претставува современа глобална закана, се наведува во соопштението од МВР.

Цветанка Миновска

Leave a Reply