Средба на министерот Бектеши со грчката амбасадорка Филипиду

Сподели со своите пријатели

Министерот за економија, Крешник Бектеши се сретна со новоименуваната амбасадорка на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Софија Филипиду.

Loading...

Министерот и посака успех на амбасадорката Филипиду во вршењето на новата должност и воедно и се заблагодари за досегашната поддршка од Република Грција во евро-интеграциските процеси на нашата земја.

На состанокот  министерот Бектеши и амбасадорката Филипиду зборуваа за заедничките инвестиции на двете земји во енергетика и диверзификација на изворите на енергија, кои се од големо значење на Северна Македонија, но и целиот регион.

Тема на разговор беше и досегашната економска и трговска соработка помеќу двете земји која бележи континуиран раст и достигна рекордно ниво во последните неколку години, како и можноста истата дополнително истата да се продлабочи.

Министерот истакна дека доказ за зацврстувањето на билатералните односи помеѓу двете земји е и податокот што вкупната трговска размена меѓу Северна македонија и Грција во 2021 година бележи раст ид 51%, додека од јануари до септември минатата година трговската размена бележи раст од дури 94,3%.

Двајцата соговорници се согласија дека има голем простор за зголемување на соработката помеѓу двете земји пред се во делот на енергетиката и инвестициите во обновливи извори на енергија.