Средба на министерот Бектеши со чешкиот амбасадор Лудва: Зголемувањето на економската соработка со Чешка е наш приоритет

Сподели со своите пријатели

Министерот за економија Крешник Бектеши  денеска оствари средба со Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во Северна Македонија.

Министерот Бектеши му посака успешен мандат на амбасадорот Лудва и изрази надеж за продолжување на одличната соработка помеѓу двете земји.На средбата беше констатирано дека има има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.

Во таа насока министерот Бектеши ја нагласи важноста од продолжување и интензивирање на заемната соработка на сите полиња, особено зајакнувањето на билатералната трговија и зголемувањето на чешките инвестиции во земјата.

Министерот бектеши нотираше дека Чешката Република е значаен трговски партнер на нашата држава, во 2018 и 2019 година се наоѓа на 19-то место со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена, на 18-то место во 2020 година и на 16 место во 2021 година.

Во 2021 година, вкупната билатерална трговија е со раст од 26,7%, извозот е зголемен за 78,7%, а увозот за 1,1% во однос на 2020 година.

Министерот Бектеши истакна дека Република  Северна Македонија и  Чешката Република бележат позитивен равој во меѓусебните економски односи што може да се констатира меѓудругото и преку зголемувањето на трговската размена во изминатите неколку години.

Двете страни покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи, во рамки на одржаните седници на Мешовитиот комитет согласно билатералниот Договор за економска и индустриска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република.

Министерот Бектеши и амбасадорот Лудва се согласија да продолжи комуникацијата во насока на подобрување на економските релации и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој на двете земји.