Некаде од Јужна Америка ни доаѓа видео што ќе допре до вашето срце. За време на викендот стана хит на социјалните мрежи, а зборува за хуманост, љубезност, несебичност…
За време на сообраќајниот метеж, двете момчиња случајно се сретнаа и покажаа дека и двете имаат прекрасна душа.
Момчето од автомобилот најпрво му дозволило на својот врсник да си игра со неговите играчки, за на крај да му ги даде на подарок, сфаќајќи дека ги има повеќе од момчето кое заработува пари со миење возила.
Неговата благодарност е уште еден детал во видеото што несомнено ќе ве разнежни.
Отпрвин не сакаше да прифаќа подароци, но кога сфати дека неговиот врсник од автомобилот инсистира, ја донесе својата храна за да понуди барем нешто за возврат.
На крајот, момчињата си мавтаа еден на друг, а интересно е што видеото го сподели претседателот на Доминиканската Република, Луис Абинадер.
– Нека ни служи ова видео на сите за да не изгубиме надеж, има толку многу што треба да научиме од децата – напиша тој.