Надлежните од Јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово денеска соопштија дека среда ќе биде нов пазарен ден на добиточниот пазар во село Долно Којнаре.
– Покрај сабота, се воведува уште еден нов пазарен ден – среда – велат од претпријатието.
Оттаму појснуваат дека новиот пазарен ден ќе функционира само за време на летниот и зимскиот распуст, на иницијатива на управниот одбор на претпријатието, а одлуката е донесена на седница на Советот на Општината.
– Многу е важно корисниците на нашите услуги да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Општинскиот кризен штаб – изјави Илир Саити, директор на претпријатието.
Ова е повеќегодишна иницијатива за уште еден пазарен ден на месопроизводителите и трговците со стока. Добиточните пазари беа отворени на 4 мај.
МИА