Сребро и бронза за КБК Куманово од турнир во БиХ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден сребрен и еден бронзен медал освоија кик-боксерите на КБК Куманово 2006 од силниот балкански турнир што викендов се одржа во Босна и Херцеговина.

Loading...

 

 

Сребрен медал во тешка категорија освои Лука Велковски кој во финалето се сретна со Мишо Воркапиќ од Србија и во лавовска изедначена борба противникот од Србија победи на поени.

 

 

Loading...

Бронзен медал освои Јосиф Илиевски кој во полуфиналето се бореше со Алија Имамовиќ од Босна и Херцеговина и во тесна интересна борба загуби, но ги освои симпатиите на гледачите во преполната сала.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

 

До четвртфиналето стигна и Марко Бошковски кој загуби од Реѓеп Дамир од Црна Гора.

Македонската експедиција беше прогласена за најуспешна на турнирот и освои дури 67 медали, 19 злата, 25 сребра и 23 бронзени медали од 16 клуба од државата.

 

Loading...

 

– Со ова уште еднаш докажавме дека сме меѓу најсилните во регионот на чело со претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко и ние останатите тренери од другите градови со нашата упорна работа сме вистински спортски амбасадори  на Македонија заедно со натпреварувачите, истакна тренерот на КБК Куманово 2006 Сашо Илиевски.

 

Никола Ивановски