Во организација на УОМО „Панче Пешев“ – Куманово, со поддршка на Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт, синоќа во Занаетчискиот дом се одржа празнична музичка манифестација посветена на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.

На сцената настапија ученици и наставници од музичкото училиште, кои пред кумановската публика изведоа богата програма.

Специјални гости на вечерта беа Маргица Антевска и Нино Величковски, кои интерпретираа познати македонски народни песни и ја дополнително ја збогатија празничната атмосфера.

Манифестацијата беше исполнета со 13 етно композиции на македонски, албански и српски јазик, изведени од вокалните солисти, хорот и оркестарот на училиштето, што придонесе за разновидно и автентично музичко доживување.

Настанот го проследија претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, советници и претставници од општинската администрација, кои ја поздравија иницијативата и уметничкиот ангажман посветен на одбележувањето на празникот.



Никола Ивановски

