Со Свечена Светосавска Академија беше одбележан националниот празник на српската заедница во Македонија, Денот на Свети Сава, вечерва во Занаетчиски дом, во организација на Српски културен центар, претседателот на Р Србија и Владата на РС Македонија.
На пригодната манифестација настапија еминентни музички и драмски изведувачи и културно – уметнички друштва од Македонија и Србија: оперски пејачи Љубица Вранеш и Драгољуб Бајиќ, министерот за култура во Влада на Р Србија, Никола Селаковиќ, настапи со “Светосавска беседа”, драмскиот уметник Слободан Ќустиќ со “Беседа од Хиландар”, КУД “Српски вез” – Куманово со “Балкански пасторали”, хорскиот ансамбл “Прво београдско пејачко друштво” и уметнички ансамбл на Министерството за одбрана на Р Србија, “Станислав Бинички”, со “Радоста на братољубието”.
На овогодинешното издание на Светосавска академија присуствуваа претставници од Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски, кој се обрати пред присутните, упатувајќи празнична честитка до претставниците од српската заедница, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, претставници од МПЦ и СПЦ, високи државни функционери од РС Македонија, Р Србија, Република Српска и Р Црна Гора.