Кошаркарите на Куманово денеска попладне пристигнаа во Стара Загора каде утре ги очекува првиот меч од големото финале на БИБЛ лигата. Доцна попладнево го имаа и последниот тренинг пред утрешната средба, на кој заедно со својот тренер Марјан Србиновски ја разработија тактиката со која ќе настапат против Берое.
Loading...
Тренерот Србиновски вели дека тоа е еден од најдобрите клубови во Балканската лига, меѓутоа сино-белите нема да влезат во мечот со бело знаме.
Има 10-11 играчи во ротација кои држат висок интензитет на игра, атлетски добро спремна екипа, доста тешко ќе ни биде, мора малце да ја успориме екипата и доколку успееме да ја одбраниме нивната игра во транзиција и нивниот офанзивен скок може да се надеваме на некој поволен резултат, секој се надева на победа и ако биде некој пораз тоа да биде со помала разлика кај што ќе може да се обидеме во вториот натпревар пред наша публика, верувам дека ќе се наполни салата, да дадеме максимум и да видиме што може да изиграме – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.
Кумановци се подготвени утре да се борат за првата победа во големото БИБЛ финале, а на 18ти ќе го пречекаат составот од Бугарија.
Нашиот фоторепортер е во Стара Загора и го проследи тренингот на кошаркарите на Куманово.