Србинка родена како маж, денес е стриптизета и проститука, а клиенти ѝ се политичари (видео)

Сподели со своите пријатели

-„Не се срамам да признаам дека сум секс- работничка. Работата со која се занимавам со години, постои отсекогаш и да, јас сум дел од неа.“- изјавила 30- годишната Кристина Ферари во утринска емисија на една српска телевизија.

Белграѓанката објаснила дека освен со проституција, за живот заработува и со стриптиз, а се пофали дека клиенти ѝ се адвокати, лекари и политичари.

Кристина работи исклучително во станови и луксузни хотели, по препорака, нема ничија заштита и никогаш не го продавала телото на улица.

-„Кога ме бараат за приватни забави или момински, секогаш барам клиентите однапред да се изјаснат што очекуваат од мене- стриптиз или секс. Јас всушност не се продавам себеси, туку услугите и своето време.“- рекла белграѓанката.

Свесна е дека тоа со што се занимава е противзаконско, па затоа се бори за легализација на проституцијата.

Имено, таа се родила како Милан, но на 14-годишна возраст започнала да се облекува како жена, а полот хируршки го променила во 2008 година.

Loading...