Српски државјанин кој бил баран по претходна распишана потерница од Интерпол, бил приведен на Табановце.
Loading...
– На 29.02.2020 во 16,50 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Република Северна Македонија, по извршена контрола констатирано било дека Ц.Б.(36) од Република Србија, евидирал во Стоп-листа, односно Интерпол Унгарија имала распишано меѓународна потерница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово, за понатамошна постапка.
Никола Ивановски