Србија регистрираше шести случај на мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, во Србија е регистриран уште еден случај на зараза со мајмунски сипаници.

Loading...

Ова е шести случај досега, пренесува ТВ Пинк.

Станува збор за лице од белградско, а инфекцијата, посочуваат, била „увезена“.

– Досега во Србија се регистрирани шест увезени потврдени случаи на мајмунски сипаници (четири на територијата на Белград и два на територијата на Војводина). Сите тие имаат типична клиничка слика за мајмунски сипаници, со развој на сипаници – се вели во одговорот на Институтот „Батут“ на прашањата на Телеграф.

Податоците беа објавени денеска, 14 јули, а претходниот извештај беше објавен на 7 јули.

Тогаш во земјата имало пет пациенти, од кои тројца во Белград и двајца во Војводина.

– Во Република Србија, во периодот од 17 јуни до 7 јули 2022 година, регистрирани се пет увезени потврдени случаи на мајмунска сипаница кај мажи. Случаите се регистрирани во Белградскиот округ (3) и во Војводина (2).

Според информациите од територијално надлежните јавни здравствени институти, кои спровеле епидемиолошки истражувања, сите пациенти имаат поблага типична клиничка слика на болеста со развој на сипаници.

Loading...

Едното лице е во изолација во болнички услови, а другите лица се во домашна изолација – стои на веб-страницата на таа институција за периодот од 17 јуни до 7 јули.