Премиерот на Србија, Александар Вучиќ порача дека вечерва Србија е стабилна и мирна и дека граѓаните можат да бидат мирни, меѓутоа по седницата за Бирото за координација нс лужбите за безбедност тој вели дека борбената готовност на единиците е подигната на повисоко ниво и дека се подготвени да одговорат на секој предизвик.
Тактичката промена извршена таму каде и требало и граѓаните можат мирно да спијат – речи Вучиќ.
На прашање дали тие промени се направени во правец на Македонија и дали постои опаност од прелевање на нестабилност во Србија, Вучиќ истакнува колку е значајно да се излезе со опрезни изјави и да се води сметка за секој збор.
Внимателни сме. Повикавме на мир затоа што тоа се однесува и на нас. Мислам дека Србија има најголем углед во Македонија и дека и има напревно најголемо добро, иако не секогаш ни било вратено. Се гледа недвосмислениот факт со кој сум запрепастен – Албанците стануваат миленици на меѓународната заедница и себе си можат да си дозволат што сакаат – вели Вучиќ.
Loading...