Спречени атентати врз клучни функционери во Русија

Сподели со своите пријатели

Во Русија неодамна беа спречени убиства на високи функционери, како и на командниот персонал на руските вооружени сили и Руската национална гарда, објави претседателот на Националниот антитерористички комитет и директор на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) Александар Бортников.

„Само неодамна успеавме да спречиме цела серија терористички напади со висок профил, вклучувајќи атентати врз високи владини функционери и командниот персонал на вооружените сили и Руската национална гарда“, рече Бортников по повод 20-годишнината од Националниот антитерористички комитет, пренесува Спутник.

Тој истакна дека во 2025 година биле уништени 79 терористички ќелии, повеќе од 2.500 бандити и нивните соучесници биле приведени, а 27 милитанти биле ликвидирани додека пружале вооружен отпор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: Поради војната во Иран, ЕУ мора веднаш да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас

Бортников додаде дека во Русија се спречени и експлозии на рачно изработени бомби и пукања во јавниот превоз за време на густ патнички сообраќај. Спречено е и кревање во воздух на повеќекатна зграда.

Информациите објавени во Меѓународната база на податоци за борба против тероризмот, создадена под покровителство на Националниот антитерористички комитет, им помогнаа на руските партнери да пронајдат и притворат повеќе од сто странски терористи и нивните соучесници, рече Бортников.

Како што наведе, оваа база на податоци ја користат 74 разузнавачки агенции и безбедносни тела од 55 земји во Европа, Азија, Африка и Латинска Америка, како и девет меѓународни организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Конфликтот на Блискиот Исток ја врати Русија на светскиот пазар на нафта

Според него, уникатното искуство на Русија во борбата против тероризмот било побарано не само во рамките на ЗНД и Шангајската организација за соработка, туку и во Советот за безбедност на ООН.