Спречен шверц на облека на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Во два различни случаи цариниците на Табановце заплениле поголем број парчиња облека при обид тие да бидат внесени во државата.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа во првиот случај  при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин, во патни торби и куфери сместени во багажникот и на задното седиште, пронајдени биле 326 парчиња облека.

– При контрола на автобус кој сообраќал на релација Женева – Битола, управуван од македонски државјанин, во навлака за костум сместена на задните седишта пронајдени се 11 парчиња машка облека, велат од ЦУ.

Како што се додава во соопштението, против сторителите ќе бидат поведени прекршочни постапки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

Никола Ивановски