Спречен шверц на мигранти од Индија, Сиера Леоне и Сирија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Полицијата спречила шверц на мигранти од Индија, Сиера Леоне и од Сирија низ кумановско, при што е приведено едно лице

Loading...

– Во 12,30 часот на 18.10 на бензинска пумпа во Куманово во товарно моторно возило марка „Даф“ со приколка со национална ознака на Република Србија, управувано од Н.Ф.(43) од Република Србија од страна на полициски службеници од ОПКМСР-Куманово биле откриени четири лица мигранти – две од Индија и по едно од Сиера Леоне и од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, за настанот бил запознат ЈО од ОЈО за ГОКК-Скопје, и согласно насоките на надлежното обвинителство се работи на расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Само изминатиот викенд преку Табановце влегле над 50.000 патници

Никола Ивановски