Спречен шверц на мигранти од Индија и Непал на автопатот Табановце – Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишник од Велес бил приведен при обид да шверцува мигранти од Непал и Индија на автопатот Табановце – Куманово.

Loading...

– На 22.01.2025 во 18.15 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.Д.(44) од Велес, кој бил затекнат како во патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, качувал три лица мигранти, од кои двајца од Непал и еден од Индија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Мигрантите, како што додаваат од МВР, биле сместени во Транзитен центар Табановце, а по целосно документирање на случајот, против З.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  69-годишник со нож избодел сограѓанин во Клечовце

Никола Ивановски