Спречен шверц на мигранти од Египет во кумановско (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата спречила шверц на мигранти од Египет во кумановско, при што вчеравечер биле приведени три лица.

Loading...

– На 30.07.2025 околу 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север во БЈБ ги лишиле од слобода А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, Б.Б.(26) од Радовиш и А.Ш.(31) од Радовиш, информираат од полицијата.

Како што додаваат од МВР, во 19.45 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник бил А.Ш., и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С., во кои биле превезувани мигранти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со дрога, полски државјанин се обидел да влезе преку ГП Табановце

 

 

Возилата не застанале на даден знак за запирање и продолжиле движење, но набргу била запрени и во нив биле пронајдени осум лица мигранти од Египет.

– Мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Табановце, а по преземени било утврдено дека за А.С. има распишано три потерници и тој со другите две лица биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка, додаваат од МВР.

Loading...

По целосно расчистување и документирање на случајот, од страна на ОПКМСР при РЦ за ГР Север ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски