Полициските службеници спречиле шверц на шестмина мигранти, од кои еден малолетник вчера околу 11:10 часот во атарот на селото Ваксинце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено, во текот на вчерашниот ден во 11:10 часот во атарот на селото Ваксинце, кумановско, од страна на полициски службеници од ПС за ОДГ-Белановце било сопрено ТМВ-Комбе „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Т-С ИВАН И ДР/ДОО“ од Скопје.
При преглед на возилото биле пронајдени шест лица од кои пет од Шри Ланка и едно лице од Пакистан. Возачот успеал да побегне, додека мигрантите се донесени во СВР Куманово.
Малолетното лице ќе биде сместено во објект за сместување на ранливи категории баратели на Азил, додека две лица ќе бидат сместени во Прифатниот центар за транци-Скопје, а останатите мигранти ќе бидат вратени назад во Р.Грција.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по расчистување на настанот до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок.