Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три измами, еден обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, алкохолни пијалоци, облека, техничка стока, стаклени чаши и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Вкупно 3.500 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во внатрешен џеб од јакната на возачот биле пронајдени 5.500 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.


