Спречен обид за убиство на претседателот на Мадагаскар

Сподели со своите пријатели

Обвинителството на Мадагаскар објави дека е спречен обидот за атентат врз претседателот на Републиката, Андриј Раојлина и уапсени се повеќе „странски и домашни“ лица.

Loading...

Меѓу уапсените во таа островска држава покрај источниот брег на Африка има и двајца француски државјани, дознава агенцијата Франс прес од дипломатски извори.

„Неколку странски државјани и граѓани на Мадагаскар беа приведени во вторникот, како дел од истрагата за нарушувања на државната безбедност“, изјави за новинарите државниот обвинител Бертин Разафијаривони.

„Според материјалните докази со кои располагаме, овие лица фалсификувале план за елиминирање и неутрализирање на разни личности од Мадагаскар, вклучувајќи го и шефот на државата“, рече обвинителот.

Таа рече дека во оваа фаза истрагата продолжува и даде уверувања дека аферата ќе биде целосно расчистена.

За време на празникот на независноста на Мадагаскар, 26 јуни, жандармеријата веќе објави дека спречиле обид за атентат врз државниот секретар задолжен за жандармеријата, генерал Ричард Раваломанана, десна рака на претседателот на земјата.

Leave a Reply