Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречија обид за шверц на 24 килограми марихуана.
На 12 октомври 2016 годинa (среда), околу 22:45 часот на излез од Македонија на граничен премин Табановце се пријави патничко моторно возило со шведски регистарски таблици управувано од албански државјанин со иницијали А. Г. На прашање од царинскиот службеник дали има нешто да пријави, лицето одговори дека нема ништо за пријавување, но и покрај тоа царинскиот службеник започна со контрола на возилото и личен претрес на лицето. При прегледот, царинскиот службеник забележал дека на подот од возилото има специјално направен бункер, каде се пронајдени 47 паковки наполнети со зелена тревкаста материја со тежина од околу 24 килограми. По извршеното тестирање со тестер за дрога, утврдено е дека станува збор за марихуана.


