Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен утринава при обид да изврши грабеж од угостителски објект во Куманово.
Loading...
– На 30.01.2025 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат во угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар“ од Куманово при обид да одземе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски