Спортската сала Куманово на 21 јули повторно ги отвора вратите (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Спортската сала во Куманово на 21 јули повторно ќе ги отвори вратите по подолгата реконструкција, најави денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Честа да ја „тестираат“ први ќе ја имаат кошаркарите на Младинската репрезентација на Македонија во рамки на Европската младинска олимпијада чиј домаќин ќе бидат Куманово и Скопје.

– Ние добивме како град признание, како град во кој во континуитет се развива спортот, но и се вложува во спортската инфраструктура и во рамки на овие активности на 21 јули ќе биде пуштена во употреба и нашата кумановска спортска сала со натпревар на македонската младинска репрезентација во кошарка, изјави денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температури над 30 степени

 

 

Европската олимпијада ќе трае од 20 до 26 јули, а во Куманово ќе се одржат натпревари во три дисциплини. Освен кошарка ќе има кружни трки низ градот, како и планинска трка на Студена вода.

– Ќе имаме и кружни трки низ градот и нашата локација која е од страна на Меѓународната моунт бајк оцената како една од најквалитетните на Балканот, тоа е на Студена вода, ќе биде искористена во оваа прилика, а ние ќе уживаме во сите тие спортски настани, а конечно ќе имаат можност и граѓаните да ја видат спортската сала и нејзиното повторно пуштање во употреба што ќе биде свечен чин за сите граѓани, дополни градоначалникот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца возачи во Куманово. Синоќа возеле пијани!

Настанот е во организација на Македонскиот олипмиски комитет, поддржан и од Владата, но и од Општина Куманово, а учество во тие пет натпреварувачки дена ќе имаат млади спортисти од 49 држави.

Никола Ивановски