Спортска облека запленета на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 74 парчиња разна спортска облека: тренерки, дресови, шорцеви, маици и шушкавци, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, а пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, непријавената спортска облека е пронајдена во патничка торба и хартиено ќесе сместени во багажниот простор на возилото и истата е привремено одземена, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Leave a Reply