Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска ја означи почетната линија на велосипедската трка – поединечен хронометар, која се одржа во рамки на Европскиот олимписки младински фестивал (EYOF) 2025.
Трката во должина од 10 километри се одвиваше на релацијата село Пелинце – село Челопек, каде настапија велосипедисти на возраст од 15 до 16 години. Станува збор за традиционален олимписки натпревар кој се одржува по шеснаесетти пат на европско ниво.
„Годинешнава висока бројка на учесници претставува своевиден рекорд, кој ги става на пиедесталот македонските клубови заедно со организаторите, покажувајќи завидно ниво на логистика и професионалност“, истакна градоначалникот Димитриевски по стартот на трката.
Настанот е дел од серијата активности на EYOF 2025, кој оваа година ги обединува младите спортисти од цела Европа, а Куманово, како една од локациите домаќини, го истакнува својот капацитет за организација на меѓународни спортски настани.
Никола Ивановски