Според Израел, третина од заложниците во Газа загинале

Сподели со своите пријатели

Израел верува дека една третина од заложниците што останале во Газа загинале, покажаа владините податоци во вторникот, а некои официјални лица веруваат дека бројот е уште поголем.

Loading...

Владата објави дека 120 луѓе се уште се во рацете на Хамас, од кои 43 биле прогласени за мртви врз основа на различни извори на информации, вклучувајќи разузнавачки информации, снимки од надзор и форензички анализи.

Некои официјални лица приватно веруваат дека бројот на загинати е поголем, пишува Ројтерс.

На почетокот на израелската офанзива Хамас се закани дека ќе ги убие заложниците како одмазда за израелските воздушни напади, а во меѓувреме милитантната група објави дека некои од нив биле убиени во израелските напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешни израелски агенти за пејџер експлозиите во Либан: „Не знаеја дека ги купуваат од нас“

Израел не исклучи дека тоа е можно во поединечни случаи, но најави и дека на телата на пронајдените заложници имало знаци на егзекуција.

Во понеделникот на списокот на убиени беа додадени уште четворица заложници.