Според астролозите, денес е најдобриот лунарен ден за партнерски и брачни односи, пишува неделникот Република.
Имено од 19:09 до 20:08 часот, денеска трае 17 -тиот лунарен ден, т.е таканаречен „ѕвоно“ ден кој поволно влијае на чувството на радост и љубов и кој ќе ви пружи спојување со саканата личност- и во емотивна и во еротска смисла.
Овој лунарен ден поволно влијае на партнерските, посебно брачните односи. Помага да дојде до нивно подобрување, до поголемо чувство на заедништво. Поволно делува, посебно на жените, ја поттикнува нивната сензуалност, убавина, љубов и соединување со партнерот. Месечината во 23 часот ќе влезе во Вага, знакот на партнерство.
Најповолно време за сакање и уживање во радостите на животот е во ноќните часови на 25 февруари од 17 до 21 часот, кога Месечината е во тригонот со Венера во Водолија. Посебно од 17 до 20 часот додека трае лунарниот ден.
Тоа е идеално време за љубов и радост на давање и добивање.
Ако овој лунарен ден не почувствувате радост на живеењето, тоа значи дека нешто не иде добро во вашиот живот и дека треба да внесете промени, да се промените себеси, да работите на себе, како би го привлекле она што го сакате за да идниот лунарен циклус бидете порадосни.

