Споменик кој ја крие приказната за најлошото злосторство во Втората светска војна

Сподели со своите пријатели

Втората светска војна е најсмртоносниот воен конфликт во човештвото каде животот го загубиле од 50 до 85 милиони луѓе, а сеќавањето на тие луѓе живее низ различни меморијални центри и споменици. Еден таков се наоѓа и во чешкото село Лидице, во близина на Прага.

Бронзената скулптура ја направила Мари Учитилова во знак на сеќавање на децат акои биле убиени од нацистите во летото 2942 година. Претставени се 82 деца, 42 девојчиња и 40 момчиња. Сит есе убиени во гасните комори во Хелмно.

Градот имал логор за истребување кој нацистите го изградиле во текот на Втората светска војна. Всушност, тоа бил прв германски логор за масовно истребување кој посебно бил изграден за да се спроведе етничко чистење.

Таа година на 10 јуни, нацистите ги убиле скоро сите жители на Лидице. Тоа е направено како освета за убиството на нацистичкиот функционер Рајнхард Хајдрих.

Селото било целосно уништено, мажите биле убиени, а жените и децата разделени и испратени во концентрациони логори.

По убиството на Хајдрих, Адолф Хитлер наредил масовни убиства ширум тогашна Чехословачка. На 10 јуни 1942 година нацистите убиле 173 возрасни мажи. Вкупно 184 жени и 88 деца биле одведени. Децата биле оставени во напуштената фабрика во Лоџ, Полска, а 82 биле одведени во Хелмно.

Споменикот во селото Лидице почнал да се гради во 1969 година. За излевање на бронзените статуи биле потребни 20 години. По изненадната смрт на уметничката, работата ја продолжил нејзиниот сопруг.

фото: Википедија

Leave a Reply