Општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија од Куманово викендов беше организатор на турнир во Кошарка во спортскиот комплекс Соколана, а во рамките на одбележувањето на Денот на востанието, „11 Октомври“.
На турнирот учествуваа осум екипи, на наше лично задоволство победи екипата на Социјалистичка партија на Македонија, Општинска организација Куманово. Екипите покажаа солидно ниво на спортски активности, фер плеј и лично сум презадоволен. Организацијата на овој турнир ни претставува само еден од активностите што ги презема Социјалистичка партија на Македонија, покрај хуманитарните активности што ги прземаме за граѓаните на Општина Куманово, забавите за младите – Жарко Милошевски, претседател на Организационен одбор на турнирот .