„Емолјумент“, веб страница која се занимава со истражување на бизнис светот, спровела истражување во кое 1.300 вработени од 14 различни сектори биле испитувани дали им е досадно додека работат и на основа на тоа ја направиле листата на најдосадни професии во светот.
Според резулаттите, најдосадно им е на оние вработени во правниот сектор, осум до десет лица одговориле дека работата не им е интересна, без оглед на која позиција се и колку долго ја работат таа работа.
Жените кои имаат една од овие три професии најчесто патат од срцеви заболувања
Зад нив на листата со најдосадни професии се вработените во сметководството, банкарството, продажбата и системот за поддршка на корисниците.
Правни професии (81%)
Менаџери на проекти (78%)
Функции за поддршка (71%)
Професии кои имаат лошо влијание врз здравјето
Контрола на финансии (68%)
Советување и сметководство (67%)
Финансиски услуги и банкарство (67%)
Изработка на проекти (64%)
Продажба (61%)
Маркетинг и комуникации (60%)
Професиите кои водат до депресија
Информациски технологии (56%)
Според одговорите на испитаниците, најмалку досадн о им е на оние кои работат во образование, менаџмент и лица кои се занимаваат со истражување и развој.