СПЕКТАКУЛАРНО: НАСА објави досега невидени фотографии од Јупитер (видео)

Сподели со своите пријатели

Леталото на НАСА, Џуно неодамна направи фасцинантни фотографии од Јупитер кои го обиколија светот.

Фотографиите се направени во псоебни програми, во кои меѓу другото, се додадени бои. Насловната, која потсетува на фотографија на Ван Гог, ја направиле граѓани-научници Џералд Еиштад и Шон Доран врз основа на сирови податоци од инструментите Џунокем на леталото. Боите на неа се во целост исти.

Истражете го водениот свет со помош на подводен бежичен дрон (видео)

Loading...

Само како за пример, врвовите на облаците не изгледаат сино. Меѓутоа, обработката овозможува да се видат контурите на атмосферата на Јупитер која на многу снимки не е прибложно толку јасна.

– Јупитер е убав и посебен, но ако премногу ми се приближите тој ќе биде вашиот крај, напишал биратнскиот графичар Шон Доран кој веќе некое време волонтерски се занимава со обработка на фотографиите на НАСА.

 

 

Џуно фотографиите ги направил на 16 декември минатата година, кога облакот бил одалечен 13.345 километри, што е малку повеќе од обемот на Земјата.

Необработените снимки се објавени на веб страницата „JunoCam“ па така може да ги обработуваат и граѓаните.

На сличен начин се обработени и фотографии кои во системот на Сатурн ги има направено леталото Касини.

 

 

Леталото Џуно, вредно милијарда долари, лансирано е во 2011 година, а на 16. декември го заврши своето десетто обиколување околу Јупитер.

https://youtu.be/e8R4uAWAVHw

Loading...