Еделмира Бареира Диаз (38) сигурно има најинтересна работа во Европа, а нејзина основна задача е да ги наговори Шпанците почесто да имаат сексуални односи. Таа, имено е одредена за специјален член на Владата и ќе биде задолжена за спречување на падот на бројот на бремени жени во државата.
Статистиките покажуваат дека Шпанките во просек имаат 1,49 деца, а демографскиот пад се спречува со просек од 2,2 деца по жени. Секако, бројот на децата е поврзан со зачестеноста на бременоста, а тие се последица на сексот. Значи, рецептот е едноставен.
Треба повеќе да се загрејат двојките, што Бареира Диз сега ќе го промовира, пред се кај младите.
Со оглед дека пред помалку од месец дека стапила на должност, уште не е целосно јасно кои мерки ќе ги преземе и како ќе ги стимулира Шпанците почесто да се препуштаат на страстите.
Новите членови на Владата се свесни дека задачата нема да биде леста.
На граѓаните им фали повеќе секс. Пред нас има многу работа, но веќе имам доста идеи – изјавила Диаз.
Иако планот за работа се држи во тајност декда не се претстави пред шпанскиот премиер, големи се шансите, дека помеѓу останатото ќе се послужи со мерки кои веќе ги вовеле Јапонците – ортанизирање на брзи состаноци „на слепо“.
Loading...