Спасувачите ги пребаруваат урнатините на Харков: Тажни сцени од центарот на гранатираниот град (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Официјални лица во Харков соопштија дека најмалку 20 лица се повредени.

Loading...

 

 

На шестиот ден од рускиот напад на Украина, од градот Харков пристигнуваат шокантни слики.

 

 

Loading...

Украина тврди дека Русите го гранатирале овој град и дека во нападите се повредени најмалку 20 луѓе.

 

 

Ракетата утрово го погоди строгиот центар на градот и падна на Плоштадот Слобода, пред зградите на државните институции.

 

 

Loading...

Нема потврдени информации за бројот на жртвите. Некои велат дека се утврдува бројот на загинатите, а други тврдат дека загинале десетици цивили, меѓу кои и деца.

 

 

Регионалниот началник во областа Харков изјави дека руските сили ги таргетирале станбените области со проектили Град – артилериски систем на камион способен да истрела десетици ракети истовремено.

 

 

Loading...

Олех Синехубов на социјалната мрежа Телеграм напиша дека руските војници пукале на „плоштадот пред канцеларијата на регионалната државна управа“ и рече дека властите „сега вршат проценка на жртвите меѓу цивилното население“.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...