Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев е под константна закана за атентат од 2015 година, информираше денеска на брифнгот во Министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Изјавата што ја даде премиерот во Црна Гора се однесуваше на реакција на можноста да се случува нешто лошо во процесот на приближување на Македонија во НАТО и затоа тој рече дека е подготвен на се, истакна Спасовски.
Појасни дека МВР и службата превземаат сериозни мерки за заштита на сите државни функционери за кои постои степен на ризик по нивниот живот. Миснистерот рече дека во моментов до премиерот Заев нема дирекна закана упатена од некого, за разлика од 2015 година кога пријавувале и за што добил обезбедување.
Врска со комуникето објавено во редакцијата на Лајм, во кое беа упатени закани за безбедноста на Македонија, Бирото за јавната безбедност од МВР побарала обезбедување на дописот и, според полицијата, нема потреба од загриженост бидејќи сметаат дека се работи за некои копии од други текстови. Министерот на брифингот информираше и за случајот со уапсените поранешни припадници на УБК Бошковски и Грујовски за кои се чека екстрадиција од Грција, дека на полицијата и се познати луѓето кои вршеле логистика и дека истрагата се уште е во тек.
Министерот Спасовски информираше дека од јуни оваа година до сега од 12 убиства расветлени се 10, а нерасчистени се две убиства. Тоа се убиствата на Мартин Јанушев во Скопје и Дилавер Бојку Леку во Струга за кои истрагата се уште е во тек. Според Спасовски во случајот со убиството на Јанушев се работи за еден извршител, а како мотив полицијата смета дека се работи за нерасчистени сметки помеѓу нив.
За настаните во Собранието од 27 април, рече дека 42 полицајци се суспендирани, и дека за нив веќе течат дисциплински постапки.
Извор: МИА

