Следејќи го искуството на други земји пред нас , очекувавме дека ќе влеземе во фаза кога епидемијата ќе прогесира, голем дел од заболените ќе ја минат болеста со лесни симптоми, но на многумина ќе им биде потребен третман во болница, за жал некои ја загубија битката, ќе има и други кои ќе ја изгубат битката со коронавирусот, рече денеска на прес конференција премиерот Оливер Спасовски.
Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат новите рестриктивни мерки, затоа што државата влегува во радикална фаза.
– Секој од нас би сакал да знае кога ова ќе заврши, но на ова прашање ниту светот, ниту ние имаме одговор. Фазата во која влегуваме е веројатно кога ги очекуваме најголемите предизвици, ова е нова радикална фаза и за стабилноста на здраствнеиот систем, заштитата на здравствените работници, индивидуално и колективно здравје, економијата и стабилноста на социјалниот и општествен контекст, изјави Спасовски.
Спасовски: Велигденските и рамазанските празници да ги поминеме дома
Секој од нас мора да даде максимален придонес во оваа критична фаза, вели Спасовски, со цел оваа фаза да се надмине со најмали можни штети.
– Ќе го сопреме непријателот но оваа битка ќе трае. Само заедно можеме да ја намалиме силата на офанзивата, од секој од нас зависи колку долго и со колкав интензитет ќе војуваме со корнавирусот, треба да бидеме чесни и искрени, ние како земја го немаме поминато најлошото. Според експертите надердни две до три недели ќе го достигнеме пикот на бројот на заразени кој наверојатно ќе биде меѓу 2.000 до 2.500 слуаи, но подобро е да се подготвуваме за повеќе, а да бидат помолку, отколку да се подготвиме за помалку, а дани се случи обратното, изјави Спасовски.
Заканата според претседателот на Владата, е страшна, радикална, затоа и се донесени новите мерки за ограничување на движењето.
Спасовски рече да се излегува само ако е неопходно, но притоа сите да се придржуваат до најосновните мерки за зшатита.
Нови рестрикции за пензионерите и малолетниците
– Кога излегувате придржувајте се до најосновните мерки на заштита, хигиена, често миење раце и одржување соодветна дистанца од другите, само така ќе се заштитие себеси, своите семејства, своите пријатели и здравствените работници кои во овие мигови се нашите херои и да знаете државата има капацитети. Во моментов има над 1.000 кревети во болничките капацитети, ако дојде до потреба на хоспитализирање на заболени граѓани, рече тој.
Никола Ивановски