На секој од нас му е јасно дека живењето е променето. Светот се бори со невидлив непријател, кој секој ден зема голем број жртви. Вирусот не познава граници, не бира кого ќе нападне и никој, апсолутно никој, не е заштитен и поштеден, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција.
– Светот брои 1,2 милиони заболени и близу 70.000 смртни случаи, а последиците врз економијата и општествата не можат да се пресметаат. Кај нас бројката надмина 550 граѓани, навреме го вклучивме алармот и го успоривме ширењето, спремни го дочекавме првиот налет на вирусот и во првата фаза успеавме да го амортизираме ударот врз здравсвениот систем, мерките ги носевме етапно по препорака на Комисијата за заразни болести, Главниот кризен штаб и Светската здравствена организација. Целта е да ги заштитиме граѓаните и колективното здравје и да ја минимизираме негативото влијание нрз економијата, рече Спасовски.
Тој ги повика граѓаните велигденските и рамазанските празници да ги поминат дома.
– Велигденските пораки за победа над смртта да ги упатиме од дома. Истото ќе важи и за рамазанските пораки. Од дома преку интернет, преку телефон, а не сите собрани. Тоа нема да не направи послаби верници, напротив тоа ќе ни го зајакне духот, рече Спасовски.
Никола Ивановски