Спасовски: Рехабилитирани 112 километри патишта во кумановско (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска беа на увид на градежните работи за рехабилитација на патниот правец Куманово – Страцин, делница долга 16,6 километри. Во кумановско се рехабилитирани патишта во должина од 112 километри појасни премиерот Спасовски.

Loading...

Како што потенцираше тој, се рехабилитира комплетната коловозна реконструкција на делницата Куманово – Страцин, со асфатлирање во два слоја и се изведува санација на три моста и десет пропусти.

– Се гради заштита на косини со армирано бетонски ѕидови и се поставува заштитна мрежа заради безбедност. Долж делницата ќе се реновираат и градат седум паркиралишта и осум автобуски станици и се изведуваат работи за комплетна обнова на хоризонтална и вертикална сигнализација по целата оваа траса, како и електричното осветлување на патот кој минува низ населеното место Страцин, изјави Спасовски.

 

 

Како што појасни премиерот и во услови на пандемија се гради со ентузијазам, пожртвуваност, и по план, современа инфраструктура за да имаме современа држава.

– И во вонредни околности, во услови на пандемија, не запира оваа градежна офанзива и нема да запре воопшто. Се разбира наша грижа е постојано да ги потсетуваме работници и менаџерите на компаниите, изведувачите да ги почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците, додава Спасовски.

Loading...

 

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/264919747936475/

 

 

Според Спасовски, оваа Влада предовдена од СДСМ интензивно вложува во Куманово и кумановскиот регион, со што ја исправа долгогодишната неправда која со години беше нанесувана на градот.

– Куманово е најголемата општина во нашата земја. Рехабилитирани се следните патишта во должина од 112 километри: Куманово – Опае, кој се рехабилитира прв пат по 40 години, Куманово – Никуштак кој се рехабилитира некаде после повеќе од 40 години, Куманово – Свети Николе, кој беше еден од најлошите регионални патишта и исто така реконструиран после повеќе од 40 години. После многу години од самото конструирање на тој пат се реконструираше целосно патот Младо Нагоричане – ГП Пелинце, Куманово – Страцин и Ропаљце – Матејче – Липково. Овие сите патишта чекаа повеќе од 40 години за да некој се смилува дека треба и нешто да се гради во овој регион, изјави Спасовски.

 

Loading...

 

Како што рече Спасовски, при крај е постапката за последниот дел од делницата од автопатот кон Табановце за да се спои со делницата до село Војник.

– Нависитна наследивме хаос со еден недомаќински и неплански однос за градба на патиштата и тоа непотребно создаде дополнителни трошоци за санирање на тие штети, но сето тоа не не обесхрабри, напротив не мотивираше уште повеќе да ги реализираме овие проекти, додаде премиерот Спасовски.

Според премиерот се работи домаќински, чесно и со европски пристап со најнеопходни работи за современа држава, инфраструктура за сите и инфраструктура која ќе значи база за еконосмки развој, нови работни места и просперитет.

 

 

текст/фото: Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply