„Кошмарот од којшто излеговме пред три години демне шанса да се врати, ете нови потврди за опасноста за којашто зборуваме“, порача денеска од центарот на Куманово носителот на листата кандидати за пратеници во ИЕ 2, Оливер Спасовски, алудирајќи на прислушкуваните разговори кои деновиве излегоа во јавноста.
Како што посочи Спасовски, денеска слушаме како се договарале да се преврти трактор меѓу Дебарца и Охрид, како се договарала сообраќајка кај Кичево.
– Актуелни носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ. Кошмарот од којшто излеговме пред три години демне шанса да се врати, ете нови потврди за опасноста за којашто зборуваме. Христијан Мицкоски ги постави на листи Александар Николовски, Антонио Милошоски, Владо Мисајловски – кој од кој поистурена рака на криминалецот Груевски, рече Спасовски.
Спасовски апелираше граѓаните да ја отфрлат, како што вели, опасноста и да изберат сигурност.
– Да, ова се едни од најспецифичните избори пред коишто сме исправени, поради условите во коишто функционираме. Со задршка одиме во продавница, со задршка одиме во банка, во пошта, дури и на работа. Но одиме. Затоа што е во прашање нашата егзистенција. И излегувањето на изборите е една таква потреба. Затоа што се во прашање животот, здравјето, егзистенцијата – наши, на нашите деца, на фамилијата дома и иднината на државата. За да продолжиме да живееме сигурно, во сигурна држава ние едноставно мора да излеземе на гласање и да гласаме за СДСМ и коалицијата Можеме, порача Спасовски од пред споменикот на „Батко Ѓорѓија“ во Куманово.
Како Влада, вели Спасовски, СДСМ има вработено над 700 лекари и 1.000 медицински сестри, обновени се 30 болници и ургентни центри во изминатите три години и со тоа е спречен крах на здравствениот систем.
– Замислете да останеа руините во здравството од режимската власт. Луѓе ќе ни умираа по ходници. Тие и денес не ставаат потпис за пари од Светската банка што треба да се вложат во здравството. Светска банка гарантира – тие велат Не. А се дел од Владата. На овие ли луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ќе го доверите здравјете, праша Спасовски.
https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/283906422679988/
Спречен е и економски крах, вели Спасовски, и тоа преку домашните платежни картички, бескаматните кредити, помошта на бизнисите.
– Тоа беше можно затоа што работевме домаќински претходните две и пол години. Покачивме плати, пензии, социјалана помош, вративме милиони евра пари кај граѓаните, насочивме пари кон поддршка на бизнисите. И сето тоа – додека ја стабилизиравме државата на меѓуетнички план дома, со концептот Едно општество за сите и на меѓународен план во регионот и светот, со помирувањето со соседите, членството во НАТО и отворените перспективи во ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ на се сè противеа. За нив `се што не е тендер со провизии во лични џебови, не е добро. И најважно, денес се живее во слобода – никој не планира семејства во ендек, не тегне за уши, не гаси лифтови на баби и дедовци, не удира боксови во фаца на жени, не прави монструозни планови за намерни сообраќајки, не става пломби на бизниси, не се заканува и не уценува млади луѓе со партиска книшка за вработувања. Денес има грижа за сите, изјави Спасовски.
Гласот за СДСМ, според Спасовски, е глас за безбедносна сигурност, за кономска сигурност, егистенција и политичка сигурност, а гласот за ВМРО-ДПМНЕ, додава, е глас за дестабилизација, хаос и опасност, по сите основи.
Тој ги повика граѓаните да изберат број „три“ за коалицијата „Можеме“, а воедно упати дека сите протоколи се донесени и гласањето е безбедно.
Никола Ивановски