Спасовски на пилот тестирањето на ВЕКТОР – Алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства

Сподели со своите пријатели

Денеска (31.05.2022), во Полицискиот Центар „Ѓорче Петров“ Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на бета пилот тестирањето на ВЕКТОР – Алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства, поддржан од НАТО програмата – Наука за мир и безбедност, а спроведуван од CENTRIC – Центар за извонредност во истражувањата за тероризам, отпорност, разузнавање и организиран криминал, Факултет за безбедност Скопје, Школата за наука и технологија при Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина и CERTH – Центарот за истражување и технологија Хелас од Грција. Тој во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, кое претставува една од двете институции – крајни корисници, заедно со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), се обрати пред присутните во рамки на двегодишниот меѓународен проект ВЕКТОР.

Loading...

Имено, Министерството за внатрешни работи заедно со Факултетот за безбедност, преку два организациски ентитета, и тоа: Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, е активно вклучено во спроведувањето на овој проект, кој започна на 1 јули 2020, а ќе трае до 30 септември 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изминатиот месец полицијата напишала 23.844 казни за возачите

Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека клучен предизвик со кој се соочуваат безбедносните органи е прецизно идентификување на конкретниот предмет, односно експлозивна направа, проценка и класифицирање на нивото на ризик и добивање совети за постапување како да се дејствува врз основа на посебните спецификации на направата и контекстот во кој се наоѓа заканата.

„Поради тоа, постои потреба за блиска координација на повеќе служби за ефикасно откривање, идентификација и отстранување на сомнителните или познатите закани и обезбедување на околината, што подразбира безбедносна комуникација и споделување информации помеѓу тимовите и на терен и надвор од локацијата. Оваа размена на информации е особено значајна и потребна,” потенцираше министерот Спасовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изминатиот месец полицијата напишала 23.844 казни за возачите

Министерот Спасовски се осврна на фактот дека иако техниките за отстранување на експлозивни направи, како што се далечински управуваните возила за отстранување на бомби, постојано се унапредуваат и осовременуваат, реалноста е дека експертите и опремата не се секогаш достапни за справување со овие ситуации.

„Сите овие предизвици и опасности се реални денес, и за големите и развиени држави, нашите партнери од НАТО, па и за нас. Токму затоа и МВР преку БЈБ, одлучи да учествува во ВЕКТОР проектот и заедно да придонесат кон креирањето на модерно софтверско решение – алатка за собирање докази, поврзани со инциденти предизвикани од импровизирани експлозивни направи, како и од неексплодирани убојни средства, со што ќе се овозможи скратување на времето за постапување на безбедносните органи и побрзо и поефикасно справување со опасноста”, рече тој.

Притоа, министерот Спасовски изрази увереност дека соработката помеѓу академската заедница и безбедносните институции ќе вроди со најдобри резултати, а меѓудругото посака успех во тестирањето на алатката ВЕКТОР и истакна дека Министерството за внатрешни работи и во следниот период ќе продолжи да биде активен учесник во активностите во рамките на проектот ВЕКТОР, а вработените особено ќе се вклучат и максимално ќе се посветат на практичните аспекти и потребните информации за предложеното софтверско решение.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изминатиот месец полицијата напишала 23.844 казни за возачите

Учесници на настанот се партнери од конзорциумот на проектот, ИТ специјалисти и учесници од МВР и ДЗС, Факултетот за безбедност – Скопје, директорот на проектот проф. д-р Бабак Акгар. На настанот беше изведен и приказ на ВЕКТОР технологиите и опремата од страна на ВЕКТОР проектен тим, како и подесување на техничките компоненти од страна на УКЛО ФБС, со поддршка од сите технички партнери, а беше спроведена и обука на крајните корисници (МВР, ДЗС и УКЛО ФБС).

Loading...

Во текот на утрешниот ден (01.06.2022), во рамки на активностите на овој проектен настан ќе бидат изведени две посебни сценарија за МВР и за ДЗС, со дрон и без дрон.