Спасовски-Која: Ќе се работи на подобрување на функционирањето на полицијата

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Loading...

Министерот Спасовски, како што соопшти МВР, му се заблагодари на амбасадорот Која за целокупната поддршка што ја има МВР од Мисијата на ОБСЕ во целиот период на реформирање на полицијата.

Амбасадорот Која му честита на министерот Спасовски за управувањето со техничката влада во период на кризата со Ковид-19 и му посака успех и во овој мандат како министер за внатрешни работи.

Соговорниците, како што се наведува, се согласија дека одличната соработка меѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи и во овој мандат и дополнително ќе се интензивира.

– Спасовски и Која се согласија дека во наредниот период интензивно ќе се работи на имплементирање на стратегиите кои беа изработени заеднички, а се во насока на подобрување на функционирањето на полицијата, стои во соопштението од МВР.

Магдалена Ристоманов

Leave a Reply