Заврши времето на медумски и пропагандни хајки. Дојде времето за законски и за професионални истраги, истакна на денешната прес конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на која министерот говореше за аферата со фалсификуваните лични карти.
Како што истакна Спасовски, истрагата ќе покаже за што биле употребени фалсификуваните лични карти.
Според него, истрагата била комплексна, повеќеслојна и чувствителна и сè уште трае поради што, како што истакна, не може да сподели повеќе детали за неа.
Да потсетам дека за фалсификуваните пасоши и лични карти, ова министерство година и половина немаше отворено никаква истрага. Јас веднаш по моето доаѓање на оваа функција почнав истрага откако до МВР беа доставени документите од неделникот „Фокус“, кој го отвори случајот. Може да обрнете внимание на самите фалсификувани лични карти, видливи се датумите на нивното издавање од 2009 и од 2014 година, а имињата и матичните броеви на нив се точни, што значи дека има кражба на идентитет – рече Спасовски.
Истрагата е повеќеслојна и чувствителна и секое фабрикување на случајот не оди во прилог на предистражната постапка, посочи Спасовски, најавувајќи дека наскоро ќе бидат обелоденети нови детали.