Спасовски: Досега процесот се одвива мирно (видео)
On:
Сподели со своите пријатели
Засега мирно се одвива изборниот процес, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска исто така го оствари своето избирачко право во својата населба Перо Чичо.
– Досега процесот се одвива мирно и нашите очекувања се дека нема никакви проблеми за остварување на гласачкото право и за тоа треба да помогнат сите и политичките партии и граѓаните на Република Македонија, да го завршиме овој ден успешно, со цел тој позитивен мотив и таа надеж која ја има за Република Македонија да ја загарантираме на денешниот ден, рече Спасовски.
Тој вели дека е важно да покажеме каква држава е Република Македонија со тоа што ќе организираме фер и демократски локални избори.
– Најавжно од се е денеска граѓаните на Република Македонија да можат самостојно да ја донесат својата одлука, да имаат можност без притисоци, закани и уцени да го остварат своето гласачко право, апелирам до граѓаните на Македонија на еден достоинствен начин да покажеме дека и овој ден ќе даде придонес кон реформите во македонското општество.
Според министерот, фер и демократски изборен е процес е важен за државните реформски приоритети.